Kobe Bryant Shoes camisetas de futbol
Linker 3DS
| Најава
 Публикации

П у б л и к а ц и и

Агенција ПРО АГЕНС издава три редовни стручни списанија со статии чии автори се членовите на тимот на ПРО АГЕНС и надворешни соработници, експерти во разни области.

ИНФОРМАТОР

Двонеделно издание до крајот на 2009 година), месечно издание, почнувајќи од 2010 година. Стручно списание со статии на теми од областа на даноците, финансиите, сметководството, ревизијата, вработувањето, менаџментот, деловното работење, инвестициите, банкарството, осигурувањето и правото (24 изданија годишно до крајот на 2009 година / 12 изданија годишно почнувајќи од 2010 година.

ПРО ЕКОНОМИЈА

Прирачник за подготовка на финансиските извештаи и годишната сметка, кој исто така содржи стручни статии на актуелни теми во областа на економијата и правото (специјално издание кое се издава еднаш годишно).

ДОДАТОК НА ИНФОРМАТОР

Издание со неофицијални (редакциски) пречистени текстови на закони и други прописи на Република Македонија (најмалку 8 изданија годишно).

ИНФО-РЕГИСТАР

Регистар папка со заменливи листови што се ажурира на редовна база, која ги содржи сите податоци и информации неопходни за даночно-сметководствено-финансиското работење на клиентите.

Други публикации

Прирачник за данокот на додадена вредност
Прирачник за задржаниот данок од приходи на странски правни лица
Прирачник за работните односи
Проагенсов аналитички сметковен план
Прирачник за интерна ревизија


 
 Профил

Историјат и профил на друштвото

Агенција ПРО АГЕНС - Скопје, основана во 1995 година, е една од водечките компании за даночен, финансиско-сметководствен, правен и менаџмент консалтинг во Република Македонија, која нуди високопрофесионални консалтинг услуги на своите клиенти, со статус `претплатници на ПРО АГЕНС`, од областа на приватниот, јавниот и невладиниот сектор, како и на надворешните субјекти - `непретплатници` (резиденти и нерезиденти), врз основа на посебен ангажман на ПРО АГЕНС како Проектен Консултант во разни економско-правни области.

Покрај со консалтинг услуги, во форма на индивудален консалтинг (на поединечен клиент) и масовен консалтинг (семинари, работилници и обуки), Агенција ПРО АГЕНС се занимава и со издавачка дејност. Агенција ПРО АГЕНС издава редовни стручни списанија (`ИНФОРМАТОР`, `ДОДАТОК на Информаторот` и `ПРО ЕКОНОМИЈА`), кои содржат актуелни оперативно обработени текстови од економско-правната област, со посебен акцент на даночно-сметководствените прашања, односно редакциски пречистени текстови на закони и подзаконски прописи од интерес за клиентите во истата област, но и вонредни стручни Прирачници, како и специјални семинарски изданија. На посебно барање од своите клиенти, Агенција ПРО АГЕНС, исто така, изработува стручни Елаборати и Извештаи, во економско-правната област. Многу важен продукт на Агенција ПРО АГЕНС е и изданието ИНФО-РЕГИСТАР (регистар папка со заменливи листови што се ажурира на редовна база), која ги содржи сите податоци и информации неопходни за даночно-сметководствено-финансиското работење на клиентите.

Агенција ПРО АГЕНС на своите клиенти им гарантира услуга со висок квалитет, професионална дискреција и доверба, како и перманентна и ентузијастичка експертска поддршка и посветеност на решавањето на нивните деловни проблеми во најкраток можен рок.


 e-mail
Pavle Gacov, Director of "Pro Agens" Agency
Refika Muric, Economic Consultant
Danijela Jakimovic, Legal Consultant
Irena Nikolovska, Economic Consultant

 Наши услуги

Типови на услуги

Агенција ПРО АГЕНС обезбедува високопрофесионални услуги во областа на даноците, финансиите, сметководството и правото, кои вклучуваат:

  • Индивидуален консалтинг
  • Масовен консалтингдржување на семинари, обуки и специјализирани курсеви-школи)
  • Проценки на имот (капитал)
  • Регистрација на трговски друштва
  • Изработка на Елаборати и Извештаи на посебно барање
  • Изработка на бизнис планови
  • Финансиска анализа и due diligence
  • Проектен консалтинг
  • Проектен менаџмент
  • Друга стручна поддршка во горенаведените области.