Најава за авторизирани лица
Корисничко име:
Лозинка:
|
Претплата 2010
|
|
|
|
|
|
Земи Про-фактура за Претплата за 2010
|
|
|
|
|
|
Телефони, адреса, тр. сметка и Претплата 2010 (кликни)
|
|
|
|
|
|
„Про Агенс“ контакти
|
|
|
|
|
|
Тековен курс на MKD
|
|
|
|
|
|
|
|
З Е М Ј А
|
Важи
за
|
К. Листа од 07/09/2010
|
|
Е. М. УНИЈА
|
1
|
61.5463
|
|
САД
|
1
|
47.8067
|
|
Г. БРИТАНИЈА
|
1
|
73.4224
|
|
ШВАЈЦАРИЈА
|
1
|
47.0897
|
|
ШВЕДСКА
|
1
|
6.6170
|
|
НОРВЕШКА
|
1
|
7.8104
|
|
ЈАПОНИЈА
|
100
|
56.7666
|
|
ДАНСКА
|
1
|
8.2658
|
|
КАНАДА
|
1
|
46.2059
|
|
АВСТРАЛИЈА
|
1
|
43.8614
|
|
|
Менувачка (пазарна) курсна листа
|
|
|
|
|
|
|
|
Датум: 07.09.’10
Валута
|
Bid
/ Бара
во MKD
|
Ask
/ Нуди
во MKD
|
|
EUR (Евро)
|
61,25
|
61,45
|
|
USD (Ам. Долар)
|
47,40
|
48,70
|
|
|
Основни каматни стапки на НБРМ
|
|
|
|
|
|
|
|
Каматни стапки
|
|
01.07. - 31.12.2010 година
|
|
Референтна каматна стапка на НБРМ
|
5%
|
|
Казнена камата
|
|
Д е н а р и
|
|
Стапка на казнена
камата (трговци)
|
15%
|
|
Стапка на казнена
камата (граѓани)
|
13%
|
|
В а л у т н а к л а у з у л а
|
|
Стапка на казнена
камата (трговци)
|
10,485%
|
|
Стапка на казнена
камата (граѓани)
|
8,485%
|
|
Основни каматни стапки
на Народна банка на РМ
|
|
Благајнички записи
|
4,5%
|
|
Ломбарден кредит
|
6,5%
|
|
|
1 Евро = ? Долари
|
|
|
|
|
|
|
|
1 Евро = ? Долари
|
|
Декември 02
|
1,02
|
|
Декември 03
|
1,24
|
|
Декември 04
|
1,36
|
|
Декември 05
|
1,20
|
|
Декември 06
|
1,32
|
|
Декември 07
|
1,46
|
|
Декември 08
|
1,40
|
|
Декември 09
|
1,43
|
|
Јануари 10
|
1,39
|
|
Февруари 10
|
1,36
|
|
Тековен курс
|
1,2876
|
|
|
Берзанска цена на злато и нафта
|
|
|
|
|
|
|
|
Цената е во америк. долари
|
|
Злато (Gold)
|
1240,50
|
|
Нафта (Brent)
|
76,50
|
|
Нафта (Crude)
|
74,02
|
|
|
Курсна листа на 31.12.2009 г.
|
|
|
|
|
|
|
|
З Е М Ј А |
Важи за |
К. Листа бр. 246 од 31/12/2009 |
|
Е. М. УНИЈА |
1 |
61.1732 |
|
АВСТРАЛИЈА |
1 |
38.1474 |
|
КАНАДА |
1 |
40.6764 |
|
ДАНСКА |
100 |
822.0547 |
|
ЈАПОНИЈА |
100 |
46.2208 |
|
НОРВЕШКА |
100 |
735.0781 |
|
ШВЕДСКА |
100 |
594.1857 |
|
ШВАЈЦАРИЈА |
100 |
4111.6548 |
|
Г. БРИТАНИЈА |
1 |
67.6695 |
|
САД |
1 |
42.6651 |
|
ХРВАТСКА |
100 |
/ | |
|
Мала статистика + Кратко и јасно
|
|
|
|
|
|
|
Бруто домашен производ за 3-то тримесечје
БДП за првото тримесечје од 2010 година понизок за 0,9%
|
|
| Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2010 година е НЕГАТИВНА и изнесува - 0,9%.
повеќе ... |
|
Лично ослободување за 2010 година
Месечен износ од 7.035 денари
|
|
| За цели на пресметка на персоналниот данок на доход на примањата по основ на плати и пензии, месечното лично ослободување во 2010 година ќе изнесува 7.035 денари. На годишно ниво, личното ослободување ќе изнесува 84.420 денари (7.035 х 12).
|
|
Државни и верски празници во Македонија (2010)
|
|
| Прегледот на сите државни и верски празници во Македонија во 2010-та година погледај го во
повеќе ... |
|
Вашата правна позиција во однос на овој веб сајт
|
|
| На повеќе, погледај ги информациите за Вашиот правен однос со сопственикот на овој веб сајт
повеќе ... |
|
Пораст на индустриското производство во ЈУЛИ 2010
|
|
| Индустриското производство во ЈУЛИ 2010 година, во однос на јуни 2010 година бележи пораст од 1,2%. За периодот јули 2010 - јули 2009 година индустриското производство има пораст од 8,3%.
повеќе ... |
|
Надворешно-трговска размена на Македонија за периодот јануари-јули 2010 година
|
|
| Обемот на стоковната размена на Република Македонија за периодот јануари-јули 2010 година е за 9,5% поголем од обемот на размената во истиот период од 2009 година.
повеќе ... |
|
|
|
Супер КНИЖАРА !
|
|
|
|
|
|
|
|
Полугодишна претплата 2010 !
|
|
|
|
|
|
|
Во Полугодишната претплата 2010 влегува и Комплетен Инфо регистар (ажуриран од почетокот на годината)
|
|
Работно време во угостителството
|
|
|
|
|
|
|
|
Објекти во угостителството
|
Работно време (час)
|
|
1) Угостителски објектиза сместување
|
|
Хотели, мотели, пансиони, туристички населби, ноќевалишта, одморалишта и кампови
|
од 00 до 24
|
|
Угостителски објекти за исхрана кои се во состав наобјектите за сместување
|
по 24 можатда даваат само угост. усл. за брза храна
|
|
2) Угостителски објектиза исхрана
|
|
Угостителски објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги
|
од 07 до 24
|
|
во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празн. денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од25 декември до 15 февруари
|
од 07 до 01 наредниот ден
|
|
на 31 декември, 1 и 2 јануари
|
од 07 до 03 наредниот ден
|
|
Угостителски објекти за исхрана, без огледна видот, кои претставуваат една градежна целина лоцирани на граничните премини, аеродроми и жел. станици
|
од 00 до 24
|
|
3) Други угостителски објекти
|
|
Угостителски објект – ноќен бар и кабаре
|
од 20 до 04 наредниот ден
|
|
во деновите петок и сабота, спроти празн. денови и празнични денови,како и во периодот од 1 јуни до 31август и во периодот од 25 декември до 15февруари
|
од 20 до 05 наредниот ден
|
|
на 31 декември, 1 и 2 јануари
|
од 20 до 06 наредниот ден
|
|
Угостителски објект – диско клуб
и диско клуб на отворен простор
|
од 19 до 04 наредниот ден
|
|
во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови,како и во периодот од 1 јуни до 31август и во периодот од 25 декември до 15февруари
|
од 19 до 05 наредниот ден
|
|
на 31 декември, 1 и 2 јануари
|
од 19 до 06 наредниот ден
|
|
Угостителските објекти за брза храна (сендвичари) можат да работат до 01 часот во зимс. период, односно до 02 часот во летниот период, а во петок и сабота, спроти празн. денови и празн. денови до 05 часот
|
|
Период: од 1 јуни до 31 авг. (летен) / од 1 септ. до 31 мај (зимски)
|
|
|
Кратки вести
|
|
|
|
|
|
|
8 и 9 септември (среда и четврток) - Неработни денови
Празници: на 8-ми Ден на независноста, на 9-ти Рамазан Бајрам
|
|
| Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8-ми септември 2010 година (среда), Денот на независноста, и 9-ти септември 2010 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, се неработни денови за граѓаните на Република Македонија.
|
|
Од 1 октомври до 30 април
Забрана на продажбата на алкохолни пијалаци од 19 до 06 часот наредниот ден.
|
|
| Наместо од 21 до 06 часот наредниот ден (во периодот од 1 мај до 30 септември), трговците на мало во периодот од 1 октомври до 30 април не смеат да вршат продажба на алкохолни пијалоци од 19 до 06 часот наредниот ден. Останува забраната за продажба на алкохолни и енергетски пијалаци и цигари на лица со возраст под 18 години.
|
|
Oд 1 септември 2010 година
Нова услуга на УЈП – Електронски увид во даночна картица
|
|
| Услугата e достапна за сите правни субјекти и вршители на дејност кои се корисници на електронските услуги на УЈП, односно за секој даночен обврзник кој ќе се регистрира за користење на системот е-Даноци. Електронскиот увид во даночна картица овозможува, во секој момент преку компјутер, да се врши проверка на состојбата на даночните побарувања и обврски кои ги води УЈП. За дополнителни информации во врска со новата услуга, постапката за регистрација за е-Даноци, и сл., со УЈП можете да контактирате преку: Инфо центар 0800 33 000 и е-пошта: info@ujp.gov.mk Види на
повеќе ... |
|
Процент за МДБ за АВГУСТ 2010 година изнесува 2,3%
Правото на покачување на платите за месец АВГУСТ 2010 изнесува 0,05%
|
|
| Пресметката на аконтацијата на данокот на добивка за месец АВГУСТ 2010 година се врши на образецот МДБ (кој не се доставува до УЈП). Субјектите на кој се однесува Законот за исплата на платите во РМ, за месец АВГУСТ 2010 година имаат право на покачување на платите а 0,05%. Месечниот пораст на трошоците на живот за АВГУСТ 2010 изнесува 0,1%.
|
|
25 август 2010 година
Нови обрасци за фискализација (објавени на сајтот на УЈП)
|
|
| Од 25 август 2010 година во примена се новите обрасци за фискализација: ФА-01; ФА-02; ФА-03 и БЗ-01. Обрасците се редизајнирани и поедноставени и за истите е овозможено компјутерско пополнување и внес на бараните податоци. Обрасците можеш да ги видиш на
повеќе ... |
|
Повторно одлагање на забрањата за плаќање со пресметка за блокираните субјекти
Уште една релаксирана година за „блокираните„ субјекти
|
|
| Од 1 јануари 2011 година требаше да стартува неколку пати одложуваната забрана, со која субјектите со блокирани сметки требаше да престанат да плаќаат со пресметка (компензација, цесија и сл.). Се предложените измени во Законот за платен промет се предлага поместување на овој рок за 1 година, односно плаќањето со пресметка за субјектите со блокирани сметки да биде дозволено и во текот на целата 2011 година.
|
|
До 1-ви септември 2010 година
Престанува важњето на прво издадените лиценци за продажба на алкохолни пијалоци
|
|
| Ги потсетуваме трговците кои вршат продажба на алкохолни пијалaци на мало дека до 1-ви септември 2010 година истекува рокот на важење на одделни (првично издадени) лиценци за продажба на алкохолни пијалаци. Трговците на мало кои поседуваат лиценца за продажба на алкохолни пијалоци треба да внимаваат на рокот на важност на издадената лиценца. Со цел непречено вршење на прометот на мало на алкохолни пијалаци потребно е најмалку пет дена пред истекот на рокот на важност на Лиценцата до Министерството за економија да се достави Барање за издавање на нова лиценца. Кон барањето за издавање на новата лиценца потребно е да се приложат следните документи: - Решение за упис на дејноста во Централниот регистер на Република Македонија (копија) со Тековна состојба (во оригинал) со рок на издавање не постар од шест месеци; - Изјава за исполнетост на минимално техничките услови за продажниот објект во кој се врши продажба на алкохолни пијалоци; - Оригинална уплатница за платен надомест од 20.000 денари. Барањето треба да биде таксирано и со административна таксена марка од 50 денари. Барањата се поднесуваат во архивата Министерството за економија секој работен ден од 9 до 16 часот. Барањата може да се достават и по пошта, на адреса: Министерство за економија, ул. „Јуриј Гагарин“, бр. 15, 1000 - Скопје. За детали види на
повеќе ... |
|
За вработените во буџетските (и единките) корисници
Укинатo правото на „домашна“ дневница за службено патување
|
|
| Во "Службен весник на РМ", бр. 95 од 16 јули 2010 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, кои влегоа во сила на 16 јули 2010 година. Главна промена е бришењето на членот 13, кој го регулираше надоместокот за дневница за службено патување во Република Македонија на вработените лица во буџетските корисници, така што истиот е укинат, согласно на најавените мерки на штедење на извршната власт. Во 2010 година, првично беше намален износот на дневница за службено патување во земјата, од 800 денари на 500 денари, а сега практично после половина година, „домашната“ дневница е сосема укината.
|
|
Со најновите измени на Законот за ДДВ
Крајниот рок за достава на ДДВ пријавите и плаќање на ДДВ - 25-ти по истекот на даночниот период
|
|
| Во Сл. весник на РМ 102/10 се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за ДДВ. Поголемиот дел од измените влегоа во сила на 6 август 2010 година. Со измените е извршена промена на рокот за доставување на ДДВ пријавата, до УЈП - 25-ти по истекот на даночниот период. Даночна пријава се поднесува и тогаш кога во соодветниот даночен период даночниот обврзник нема извршено оданочив промет. Напомена: За прв пат, месечните ДДВ обврзници, ДДВ-пријавата за месец јули 2010 година, до УЈП ќе ја достават, најдоцна до 25 август 2010 година (среда), тромесечните обврзници, пријавата за периодот јули-септември 2010 година ќе ја достават најдоцна до 25-ти октомври 2010 година, а годишните ДДВ обврзници, пријавата за 2010 година ќе ја достават најдоцна до 25-ти јануари 2011 година. Со Информаторот бр. 7, испративе ажурање на Инфо регистарот бр. 6 и 2 додатоци: Пречистен текст на Законот за ДДВ и Пречистен текст на Законот за јавните набавки. Новина е тоа што периодичните извештаи од банкарските сметки преку кои ДДВ обврзникот го остварува своето работење ќе ги доставува банката до УЈП, по електронски пат. Периодичните извештаи, банката ги доставува за период и во рок во кој се поднесува даночната пријава. Ова ново Решение се применува од 1 Октомври 2010 година. И за крај од 1 јануари 2011 година прагот а регистрација за ДДВ се поместува од 1.300.000 денари на 2.000.000 денари. Пречистен текст на Законот за ДДВ можете да симнете на
повеќе ... |
|
Податоци за плата за месец АВГУСТ 2010 година
Прегледот на надоместоците се наоѓа во затворените содржини на сајтот
|
|
| Прегледот на најниските бруто грански основици за пресметка на придонесите од плата за месец АВГУСТ 2010 година можеш да ги симнеш на
повеќе ... |
|
Проверете дали кодот за идентификација за МПИН образецот сеуште Ви важи
Поднесете барање за промена на кодот до УЈП на БКИ-ИН образецот
|
|
| Согласно препораките од Управата за јавни приходи обврзниците треба да проверат дали е валиден кодот за идентификација за потребите на составувањето на МПИН образецот. Ако изминале 5 години од неговото издавање електронскиот код треба да се замени со нов. На веб страницата на УЈП може да се преземе упатството за проверка на валидноста на кодот. Пред истекот на валидноста на кодот треба да се поднесе образецот БКИ-ИН заедно со празна дискета или USB до УЈП (соба бр. 4). БКИ-ИН образецот можеш да го симнеш на
повеќе ... |
|
Од 7-ми јули 2010 година - уште едно известување до УЈП
Прилог кон „ДД-ИД“: Пресметка на данокот на исплатената дивиденда
|
|
| Со најновите измени на Законот за данокот на добивка (во сила од 7 јули 2010 година) за исплатените дивиденди и други исплати од добивка, даночниот обврзник покрај обврската за поднесување на образец “ДД-ИД“, потребно е до УЈП да достави и Прилог: Пресметка со која ќе се разграничи исплатената дивиденда кон правните лица - резиденти на РМ и исплатите кон странски правни лица и физички лица - резиденти и нерезиденти на РМ. Образецот ДД-ИД се пополнува на ист начин како и до сега, освен во делот „А.Податоци за извршена распределба” каде што треба да се внесат износите од табелата I, колона „Исплата на странски правни лица и физички лица резиденти и нерезиденти на РМ” од прилогот „Пресметка кон образецот ДД-ИД”.
Доколку се исплаќа аванс на дивиденда, во делот II. Пресметка на данок на исплатен аванс на дивиденда од образецот ДД-ИД се внесува само износот од табела II, колона „Странски правни лица и физички лица резиденти и нерезиденти на РМ” од прилогот „Пресметка кон образецот ДД-ИД”. Пополнувањето на новата прилог пресметка која треба да се достави кон образецот ДД-ИД е објаснето во Упатството кое е составен дел на образецот. Образецот (продолжение на образецот ДД-ИД), можете да го симнете на
повеќе ... |
|
13 август 2010 година - Последен рок за регистрација на заедница на сопственици на станови
Куќните совети заминуваат во историјата
|
|
| Согласно Законот за домување (99/09), по 13 Август 2010 година, куќните совети заминуваат во историјата. До овој рок, куќните совети треба да бидат заменети со Управители, односно Заедница на сопственици. И сите договори за закуп на стан треба да се запишат во регистарот на стенбени згради и станови во рок од 6 месеци од денот на воспоставувањето на овој регистар. Овој регистар, заедно со регистарот на управители го водат општините. За потребните документи за регистрација на Заедница на сопственици на станови види на
повеќе ... |
|
Од 14 јули 2010 година во сила е ново Упатство за ДДВ на УЈП
Упатство за начинот и постапката за враќање на ДДВ на посебни субјекти
|
|
| УЈП изготви ново Упатство за начинот и постапката за враќање на данокот на додадена вредност на посебни субјекти – ДДВ 104 и тоа за (даночни обврзници без седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во земјата; непрофитни организации; странски дипломатски или конзуларни претставништва и нивни членови; меѓународни организации и нивни членови).
Упатството влегува во сила од 14 јули 2010 година.
повеќе ... |
|
И после 1-ви јули 2010 година (Сл. весник на РМ, бр. 95/10)
Продолжува примената на даночната стапка од 5% за земјоделска механизација
|
|
| Согласно измените на Законот за ДДВ (Сл. весник на РМ, 95/10), се продолжи примената на повластена даночна стапка од 5% за оданочување на увозот и прометот со земјоделска механизација и тоа РЕТРОАКТИВНО - од 1-ви јули 2010 година.
|
|
Одложена примената на Законот за извршување
Преносот на извршните предмети од судовите кај нотарите и извршителите одложен за една година
|
|
| Со Законот за изменување на Законот за извршување (88/10), во сила од денот на објавувањето - 2 јули 2010 година се одлага примената за една година (1.07.2010 -1.07.2011) на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување (83/09), преку измена на членот 16 и членот 17. Потсетуваме дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување (83/09), се создаде правен основ за пренос на извршните предмети од судовите кај нотарите и извршителите кои треба да продолжат со спроведување на извршувањето.
повеќе ... |
|
Од 7 јули 2010 година
Исплатата на дивиденда на домашни правни лица нема да се оданочува
|
|
| Во "Службен весник на РМ", бр. 85/10, од 29 јуни 2010 година, објавена е измена на Законот за данокот на добивка. Измената влегува во сила од 7 јули 2010 година. Со измената на членот 36-г, став 3 од Законот за данокот на добивка, износот на дивидендите кои што даночните обврзници ги исплатуваат (на друг начин распределуваат) НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА - РЕЗИДЕНТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОСЛОБОДЕН ОД ОДАНОЧУВАЊЕ со данок на исплатена дивиденда.
Со ова, оданочувањето на добивката исплатена (распределена) за дивиденди, која е по потекло од 2009 година и наваму, ќе се однесува само за: правните лица - нерезиденти и физичките лица. Детали побарај во Информатор бр. 6/10.
|
|
За периодот: 1 јули - 31 декември 2010 година
Референтната каматна стапка на НБРМ изнесува 5%
|
|
| Со промената на референтната каматна стапка се промени и висината на стапката на казнената камата за периодот: 1 јули - 31 декември 2010 година. Висината на стапката на казнена камата за побарување/долг во денари помеѓу трговци, односно трговци и лица на јавното право изнесува 15%. Висината на стапката на казнена камата за побарување/долг во денари помеѓу лица од кои барем едното не е трговец (односно е граѓанин) изнесува 13%. Висината на стапката на казнена камата за побарување/долг во странска валута помеѓу трговци, односно трговци и лица на јавното право изнесува 10,485%. Висината на стапката на казнена камата за побарување/долг во странска валута
помеѓу лица од кои барем едното не е трговец (односно е граѓанин) изнесува 8,485%. За деталите види Информатор 6/10.
повеќе ... |
|
Со измена на Законот за ДДВ, во примена од 1 јули 2010-та година
Производите од групата земјоделска механизација и понатаму се оданочуваат со 5%
|
|
| Од 1 јули 2010-та година, производите од групата земјоделска механизација наведени во Одлуката за определување на производите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (објавена во "Службен весник на РМ", бр. 102/06) и понатаму ќе се оданочуваат со стапка на ДДВ од 5%. За деталите види Информатор 5/10.
|
|
Обврски за АД кои не котираат на берза и не се водат во регистарот на АД
Објавување на податоци за своето работење на интернет страницата на Македонската берза
|
|
| Акционерските друштва и другите правни лица–издавачи на хартии од вредност, чии хартии од вредност не котираат на берза и не се водат во Регистарот за акционерски друштва со посебни обврски за известување, се должни да објавуваат податоци за своето работење на интернет страницата на Македонската берза. Берзата на својата интернет страница подготви посебен дел на кој гореспоменатите друштва ги објавуваат законски пропишаните податоци. До објавените известувања можете да пристапите преку интернет страницата на Македонската берза во делот "Објави согласно закон".
повеќе ... |
|
Од 21 јуни 2010 до 31 декември 2011 година
Намалени дневниците за службено патување во странство
|
|
| Со измена на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (82.10) извршено е намалување овие дневници на следниот начин: - 35% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето паѓа на товар на органот на управата (порано: 50%); - ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управата, не се исплатува дневница (порано: 20%) и ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена не се исплатува дневница (порано: 5%). Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултиталтерална или билатерална основа.
повеќе ... |
|
Изменет Правилникот за задолжителната опрема во моторните возила (48.10)
Патничките возила не мораат да поседуваат противпожарен апарат
|
|
| Правилникот за задолжителната опрема што мораат да ја поседуваат моторните возила издржа "цели" 30 дена. Имено од 10 Април 2010 година (Сл. весник на РМ", бр. 48.10), патничките моторни возила МОЖЕ (а не мора) да имаат противпожарен апарат за гаснење пожар (квалификациите на апаратот веќе не се битни). Според тоа, само 30 дена важеше обврската за патничките моторни возила, задолжително да поседуваат противпожарен апарат од 2 килограми наполнет со прашок АБЦ. Истовремено укината е обврската за задолжително поседување на резервни сијалици и осигурувачи (согласно членот 9 од Правилникот).
|
|
Три нови уплатни сметки за јавни приходи - 43.10
Данокот на исплатена дивиденда на посебна уплатна сметка
|
|
| Со дополнување на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување и поврат на јавните приходи (43.10), пропишани се нови 3 (три) уплатни сметки: 840 - 01648 - Данок на исплатена дивиденда и друга распределба од добивката (711230); 840 - 01632 - Данок на доход од земјоделска дејност според паушално утврден приход (711141) и 840 - 04660 - Еднократна такса при присилна наплата на царински долг (716112).
|
|
Кој сака да профитира од „задолжителноста“ на тнр. ID картички за вработени
„Некој ги злоупотребува Инспекциските органи на терен“
|
|
| Во врска со се позачестените јавувања и прашувања за обврската од обезбедување на идентификациони картички (беџови или сл.) за вработените, Ве информираме за следното:
По направеното истражување во прописите од областа на трудовото право, работните односи и трговијата, Про Агенс утврди дека таква обврска не е пропишана. Исто така, во разговор со надлежните министерства од наведените области, потоа со претставници од пазарниот и трудовиот инспекторат, сме информирани дека ниту е пропишана ниту се очекува да биде донесена таква регулатива врз основа на која би произлегле обврски за обезбедување на картички за вработените. Таква пракса деловните субјекти можат да воведат само по сопствена желба и интерни процедури. Исто така потврдено ни е дека овие инспекции (пазарната и трудовата) немале налог за проверка на оваа измислена обврска, ниту постапувале по неа во контролите, така што претходното се сведува на шпекулации од страна на заинтересирани субјекти, кои на овој начин се обидуваат да профитираат.
|
|
Од 12 Март 2010 година
Престанува да важи забраната за пушење на отворените деловни простори
|
|
| Согласно измените во Законот за заштита од пушењето (35.10), од 12 март 2010 година, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично). За деталите види на
повеќе ... |
|
Соопштение на Министерството за економија: Правила за користење на кодот МК
МК на прехранбени и непрехранбени производи за широка потрошувачка од странско потекло
|
|
| Во врска со користењето на меѓународно усвоениот код МК во меѓународните организации за стандардизација (ISO и CEN) на прехранбени и непрехранбени производи за широка потрошувачка од странско потекло, Министерството за економија надлежно за спроведувањето на Законот за заштита на потрошувачите го дава следното појаснување во однос на примената на МК кодот:
1. Mеѓународниот код МК на увезените производи треба да биде назначен само кога постои збирна – повеќејазична декларација за производот, која притоа содржи и декларација напишана на македонски јазик. Кодот МК назначен на повеќе јазичната декларација на производот овозможува, потрошувачот полесно да го најде преводот на декларацијата на сопсвениот јазик, а со тоа и да се запознае со карактеристиките на производот. 2. Доколку производот има декларација напишана само на македонски јазик и кирилско писмо и производот е наменет само за внатрешниот пазар во Република Македонија и притоа во декларацијата се наведени сите потребни податоци за производот (согласно член 23 од Законот за заштита на потрошувачите), во тие случаеви нема потреба од ставање на кодот МК. 3. Доколку трговците дополнително интервенираат на декларацијата на производот која е напишана на повеќе јазици, која притоа содржи и декларација напишана на македонски јазик но без назначен код МК напоредно со останатите кодови на држави, или наместо кодот МК е назначен акронимот од референцата, тогаш налепницата со кодот МК треба да биде залепена на местото пред преводот на македонски јазик, а не било каде на производот што како појава моментално е присутна во пракса.
повеќе ... |
|
Од 6-ти Март 2010 година - Нова поволност за македонските граѓани
Зголемен лимитот за внес на предмети од странство на 350 евра без плаќање на увозни давачки
|
|
| Од 6 Март 2010 македонските граѓани мажат да внесуваат предмети од странство во вредност до 350 евра без плаќање на увозни давачки. Согласно Уредбата за изменување на Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки (Службен весник на РМ, бр. 18/10) почнувајќи од 6 март 2010 година, македонските граѓани можат да внесуваат предмети од странство за кои се ослободени од плаќање на увозни давачки (исклучувајќи го личнитот багаж) во вредност до 350 евра. Досегашната дозволена вредност за внесување на предмети од странство без плаќање на увозни давачки изнесуваше 175 евра.
повеќе ... |
|
По кратко премислување УЈП ја врати Пресметката за даночниот кредит на својата интернет страница
Даночен кредит за расходите со одложено признавање
|
|
| УЈП даде објаснување за начинот на утврдување и пополнување на износот на даночниот кредит во образецот “ДБ. Про агенсовиот Коментар погледај го во Информатор бр. 2/10 (стр. 5). Техниката на пресметување е дадена на
повеќе ... |
|
За своите корисници
Про агенс постави пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка
|
|
| Согласно новиот модел за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка, Агенцијата Про Агенс постави корисна алатка: Пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка. До пресметката ќе дојдете со употреба на Вашето корисничко име и лозинката.
|
|
Пополнување на делот II од Даночниот биланс за 2009
Појаснување кои податоци се внесуваат на соодветните полиња за АОП
|
|
| Појаснувањето на податоците што се внесуваат на соодветни полиња за АОП од образецот ДБ се дадени на
повеќе ... |
|
Повод: Текстовите за РЕГРЕС за годишен одмор во весниците ВЕСТ и ВРЕМЕ
Про агенс „повторно открива топла вода“ !
|
|
| Од 5 ноември 2009 во ЗРО (Сл. весник, бр. 130/09) е внесена прекршочна одредба (член 265 став 1 нова точка 8), според која на работодавецот ќе му се изрече глоба (мандатна казна), поради неспроведување на колективен договор. Основ за овој прекршок претставува обврската утврдена во член 223 став 1, според кој: "Странките на колективниот договор и лицата на кои тој се применува, се должни да ги извршуваат неговите одредби." Ова значи дека сите потписници на Општиот колективен договор за СТОПАНСТВОТО, како и на гранските колективни договори се должни да го исплатат регресот, како впрочем и сите други надоместоци на трошоци од член 35 од Општиот колективен договор и гранските колективни договори (дневници за службени патувања, новогодишен надоместок, теренски додаток и други) за да не се најдат на удар на прекршочната одредба. Но, од 5 мај 2010 оваа обврска се проширува на сите фирми од приватниот сектор, бидејќи од овој датум ОКД за стопанството станува задолжителен за сите а не само за потписниците, како што е нагласено во член 205 став 1 од ЗРО: "Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството се применува непосредно и е задолжителен за работодавацте и вработените во приватниот сектор". Со самото тоа, со прекршочната одговорност за неприменување на колективни договори (а во нивни рамки и регресот) се опфаќаат сите субјекти од приватниот сектор во стопанството. Изворно ДЕМАНТОТ испратен до 2-та весници погледај го на
повеќе ... |
|
Од 10-ти февруари 2010 година
НБРМ ги формира и објавува девизните курсеви на нов начин
|
|
| НБРМ ќе објавува 2 курсни листи: а) Курсна листа (само со среден курс на 10 валути, од објавувањето е исклучена хрватската куна), која ќе се користи за евиденција (сметководствена) и б) Курсна листа (со среден, продажен и куповен курс) за потребите на вршењето на платниот промет со странство за државните органи. Средните курсеви на двете курсни листи се исти. Покрај другото и редоследот на валутите во курсната листа на НБРМ е променет.
Инаку, средниот курс се формира од котираните куповни и продажни курсеви на еврото во денари меѓу банките поддржувачи (Тутунска, Стопанска, Комерцијална, Инвест и како 5-та, НБРМ).
повеќе ... |
|
Од Јануари 2010 година - Плата во заштитните друштва
Плаќање на придонесите, па потоа враќање
|
|
| Министерството за труд донесе ново Упатаство за платата во заштитните друштва. Упатството симни го на
повеќе ... |
|
Објава во Службен весник на РМ, бр. 2/10
7.035 денари е месечното лично ослободување за 2010 година
|
|
| Годишното лично ослободување за 2010 година изнесува 84.420 денари
|
|
Од 2010 година
Нов Правилник за водење на сметководството
|
|
| Во „Службен весник на РМ“ бр. 159/2009 е објавен нов Правилник за водење на сметководството кој ќе се применува од 1 јануари 2010 година. Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за водење на сметководството („Службен весник на РМ“ бр.94/04, 11/05 и 116/05). Новиот Правилник за водење сметководство ќе се користи за изготвување на годишната сметка за 2010 година.
|
|
Од 1 јануари 2010 година-Сл. весник 157.09
Во примена - Договорот за одбегнување на двојното оданочување меѓу Македонија и Ирска
|
|
| Согласно Објавата на МНР, Договорот меѓу Република Македонија и Ирска за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците од доход ("Службен весник на РМ" бр. 157/2008), е во сила од 23 јуни 2009 година, а ќе се применува од 01 јануари 2010 година.
|
|
Каматна стапка на благајничките записи во 2010 година
Актуелна висина: 4,5%
|
|
| По намалувањето на каматната стапка на 28 дневните благајнички записи од 9% на 8,5% (2 декември 2009 година), во 2010 година, НБРМ изврши уште пет намалувања на оваа каматна стапка. Првото на 8% годишно, второто на 7,5%, третото на 6,5%, четвртото на 5% и петтото (од 18.08.2010), со кое актуелната каматна стапка на благајничките записи изнесува 4,5%.
|
|
Заедно со ДДВ-Пријавата (ДДВ-04)
Задолжително поднесување на Прилози кон Даночната Пријава
|
|
| Со измените на Законот за ДДВ со примена од 11.11.2009 година, регистрираните ДДВ обврзници, како прилог кон Даночната пријава (образец ДДВ-04) за соодветниот даночен период, имаат обврска да поднесат и:
1. Периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања и
2. Периодичен извештај од банкарските сметки преку кои даночниот обврзник го остварува своето работење.
повеќе ... |
|
|
|
|
Јубилеј 2010: 15 години Про Агенс
|
|
|
|
|
|
Прирачник за РАБОТНИТЕ ОДНОСИ 2010
|
|
|
|
|
|
Прирачник за работните односи (2010)
|
|
|
|
|
|
Прирачник за Задржан данок
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник за Задржан данок (февруари 2010, 202 страници)
|
|
Прирачник за Сметковен план за буџетски (единки) корисници
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник со Сметковен план за Буџетски (и единки) корисници (февруари 2010 година)
|
|
Прирачник за ДДВ
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник за ДДВ (февруари 2010 година, 344 страници)
|
|
Анкета: Оцени го новиот изглед на Информатор-от
|
|
|
|
|
|
|
|
Анкета: Дали Ви се допаѓа новиот изглед на Информаторот ?
Прати
|
ИНФОРМАТОР - најнoв број
|
|
|
|
|
|
Додаток - најнов број
|
|
|
|
|
|
ИНФО-РЕГИСТАР - најново ажурирање
|
|
|
|
|
|
|
Инфо регистар / Ажурирање бр. 7/10, заклучно со 27-ми август 2010
|
|
СМЕТКОВЕН ПЛАН - 2009 година
|
|
|
|
|
|
|
НАЈНОВ Проагенсов Аналитички Сметковен план 2009
|
|
ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА
|
|
|
|
|
|
|