|
Претплатa 2012
|
|
|
|
|
|
Про-фактура за Претплата за 2012
|
|
|
|
|
|
Телефони, адреса и сметка на Про агенс
|
|
|
|
|
|
„Про Агенс“ контакти
|
|
|
|
|
|
Тековен курс на MKD
|
|
|
|
|
|
|
|
З е м ј а
|
Важи
за
|
К. листа
од
25/01/12
|
|
ЕМУ (ЕВРО)
|
1
|
61.5131
|
|
САД
|
1
|
47.3069
|
|
БРИТАНИЈА
|
1
|
73.7037
|
|
ШВАЈЦАРИЈА
|
1
|
50.9847
|
|
ШВЕДСКА
|
1
|
6.9949
|
|
НОРВЕШКА
|
1
|
8.0525
|
|
ЈАПОНИЈА
|
100
|
60.9705
|
|
ДАНСКА
|
1
|
8.2732
|
|
КАНАДА
|
1
|
46.7283
|
|
АВСТРАЛИЈА
|
1
|
49.4916
|
|
|
Менувачка (пазарна) курсна листа
|
|
|
|
|
|
|
|
Датум: 03.01.’12
Валута
|
Bid
/ Бара
во MKD
|
Ask
/ Нуди
во MKD
|
|
EUR (Евро)
|
61,20
|
61,50
|
|
USD (Ам. Долар)
|
46,00
|
48,50
|
|
|
Основни каматни стапки на НБРМ
|
|
|
|
|
|
|
|
Каматни стапки
|
|
01.07. - 31.12.2011 година
|
|
Референтна каматна стапка на НБРМ
|
4%
|
|
Казнена камата
|
|
Д е н а р и
|
|
Стапка на казнена
камата (трговци)
|
14%
|
|
Стапка на казнена
камата (граѓани)
|
12%
|
|
В а л у т н а к л а у з у л а
|
|
Стапка на казнена
камата (трговци)
|
11,325%
|
|
Стапка на казнена
камата (граѓани)
|
9,325%
|
|
Основни каматни стапки
на Народна банка на РМ
|
|
Благајнички записи
|
4,0%
|
|
Ломбарден кредит
|
5,5%
|
|
|
1 Евро = ? Долари
|
|
|
|
|
|
|
|
1 Евро = ? Долари
|
|
Декември 02
|
1,02
|
|
Декември 03
|
1,24
|
|
Декември 04
|
1,36
|
|
Декември 05
|
1,20
|
|
Декември 06
|
1,32
|
|
Декември 07
|
1,46
|
|
Декември 08
|
1,40
|
|
Декември 09
|
1,43
|
|
Декември 10
|
1,34
|
|
Декември 11
|
1,29
|
|
Tеков. курс
|
1,2997
|
|
|
Берзанска цена на злато и нафта
|
|
|
|
|
|
|
|
Цената е во америк. долари
|
|
Злато (Gold)
|
1665,50
|
|
Нафта (Brent)
|
110,17
|
|
Нафта (Crude)
|
99,08
|
|
|
Бруто домашен производ
|
|
|
|
|
|
|
|
БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД
|
|
2009 г.
|
- 0,9%
|
|
I
|
- 0,8%
|
|
II
|
- 1,9%
|
|
III
|
- 2,2%
|
|
IV
|
1,2%
|
|
2010г.
|
0,7%
|
|
I
|
- 1,3%
|
|
II
|
1,1%
|
|
III
|
1,3%
|
|
IV
|
2,3%
|
|
2011 г.
|
?%
|
|
I
|
5,1%
|
|
II
|
5,3%
|
|
II
|
2,3%
|
|
|
Курсна листа на 31.12.2011 г.
|
|
|
|
|
|
|
|
З е м ј а
|
Важи
за
|
К. листа од 31/12/11
|
|
ЕМУ (ЕВРО)
|
1
|
61.5050
|
|
САД
|
1
|
47.5346
|
|
В. БРИТАНИЈА
|
1
|
73.6322
|
|
ШВАЈЦАРИЈА
|
1
|
50.5964
|
|
ШВЕДСКА
|
1
|
6.9014
|
|
НОРВЕШКА
|
1
|
7.9320
|
|
ЈАПОНИЈА
|
100
|
61.3822
|
|
ДАНСКА
|
1
|
8.2733
|
|
КАНАДА
|
1
|
46.5418
|
|
АВСТРАЛИЈА
|
1
|
48.3416
|
|
|
Мала статистика + Кратко и јасно
|
|
|
|
|
|
|
Државни и верски празници во Македонија (2012)
|
|
| Програма на неработни денови за 2012 година
повеќе ... |
|
Државни и верски празници во Македонија (2011)
|
|
| Прегледот на сите државни и верски празници во Македонија во 2011-та година погледај го во
повеќе ... |
|
Бруто домашен производ за 1-то тримесечје
БДП за првото тримесечје од 2011 година е повисок за 5,1%
|
|
| Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2011 година изнесува 5,1%.
повеќе ... |
|
Лично ослободување за 2011 година
Месечен износ од 7.316 денари
|
|
| За цели на пресметка на персоналниот данок на доход на примањата по основ на плати и пензии, месечното лично ослободување во 2011 година ќе изнесува 7.316 денари. На годишно ниво, личното ослободување ќе изнесува 87.792 денари (7.316 х 12).
повеќе ... |
|
Државни и верски празници во Македонија (2010)
|
|
| Прегледот на сите државни и верски празници во Македонија во 2010-та година погледај го во
повеќе ... |
|
Вашата правна позиција во однос на овој веб сајт
|
|
| На повеќе, погледај ги информациите за Вашиот правен однос со сопственикот на овој веб сајт
повеќе ... |
|
Пад на индустриското производство во НОЕМВРИ 2010
|
|
| Индустриското производство во НОЕМВРИ 2010 година, во однос на октомври 2010 година бележи пад од 1,1%. За периодот ноември 2010 - ноември 2009 година индустриското производство има пораст од 7,1%.
повеќе ... |
|
Надворешно-трговска размена на Македонија за периодот јануари-јули 2011 година
|
|
| Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2011 година, изнесува 2.446.373 илјади САД долари, а на увозот 3.985.530 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.4%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2011 година, изнесува 1.539.157 илјади САД долари.
повеќе ... |
|
|
|
|
|
Советување за Годишна сметка (2012 година)
|
|
|
|
|
|
Покана (Програма, Пријава и Про ф-ра за Советувањето)
|
|
|
|
|
|
Кратки вести
|
|
|
|
|
|
|
Со платата за јануари 2012 година
Променет концепт за пресметување на платата
|
|
| Новиот СЕТ на прописи со кои се уредува исплатата на платите почнувајќи од платата за месец јануари 2012 година, ВО ЦЕЛОСТ ГО МЕНУВА КОНЦЕПТОТ на пресметка на платите (како во приватниот така и во јавниот сектор). Од овој месец се ЗБОГУВАМЕ со долгодишната пракса на користење на Гранските основици и преоѓаме на концептот на ДОГОВОРЕНА ПЛАТА, но не пониска од МИНИМАЛНАТА ПЛАТА.Минималната плата за 2012 година изнесува 8.050 денари, но за голем број на субјекти оваа плата ќе изнесува 6.263 денари.Но ВНИМАВАЈТЕ, Минималната плата ќе БИДЕ основ за утврдување на ОСНОВНАТА ПЛАТА (која се добива со користење на КОЕФИЦИЕНТИТЕ НА СЛОЖЕНОСТ од Колективните договори). Секако во ИГРА се и НАЈНИСКАТА и НАЈВИСОКАТА ОСНОВИЦА (сега променета) за пресметување на ПРИДОНЕСИТЕ ОД ПЛАТА.
|
|
Уште една корисна алатка за Претплатниците на Про агенс
Калкулатор за пресметка на БРУТО / Нето плата за 2012 година
|
|
| Како и секоја година и оваа, за своите претплатници, поставивме Калкулатор за пресметка на БРУТО / Нето плата за 2012 година. Алатка е поставена во делот Привилегирани содржини / Финансиски калкулатор
|
|
Корисна алатка за Претплатниците на Про агенс
Годишна сметка за 2011 (excel алатка) со објаснувачки белешки и Финансиска анализа
|
|
| Проагенсовите претплатници, со помош на својата НОВА лозинка можат да симнат нова КОРИСНА АЛАТКА. Проагенсовата работилница подготви Годишна сметка за 2011 (во excel) со објаснувачки белешки. Алатката содржи и дел кој самостојно пресметува ПОКАЗАТЕЛИ за профитабилност, ефикасност, финансиска стабилност, економичност и ликвидност (во рамките на процесот на Финансиска анализа). Новата алатка е поставена во делот Привилегирани содржини, Прописи, Финансиско известување, сметководство, ревизија...
|
|
Пресметка на платата од јануари 2012
Нов клиентски софтвер МПИН
|
|
| За да можете да ја поднесете пресметката за плата за Јануари 2012 година, задолжително преземете ја новата верзија на клиентски софтвер (образец МПИН) преку веб страницата на УЈП. За деталите види на
повеќе ... |
|
Процентот за МДБ = 4,0%
Аконтација на данокот на добивка за месец ДЕКЕМВРИ 2011
|
|
| Кумулативниот процент за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за месец Декември 2011 година изнесува 4,0%. Субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плати немаат право да вршат зголемување на платите за месец Декември.
|
|
За првото полугодие од 2012 година
Референтната каматна стапка ан НБРМ - непроменета
|
|
| Согласно со објавата на НБРМ бр. 9901 од 28.12.2011 година, референтната каматна стапка за првото полугодие од 2012 година останува непроменета (4%). Останува непроменета и казнената камата за трговци и лица на јавното право, односно за граѓани. Каматната стапка на едномесечниот Euribor на крајот на 2011 година изнесува 1,024%. За сите детали за висината на казнаната камата, погледајте на Проагенсовата интернет страница или во Информаторот бр. 1/2012.
|
|
Податоци за плата за месец ДЕКЕМВРИ 2011
|
|
| Просеците и надоместоците се во делот Привелигирани содржини
повеќе ... |
|
Заклучок на Владата на РМ
Штедење во јавниот сектор
|
|
| Владата на Република Македонија, имајќи ја предвид актуелната светска економска криза, а со оглед на претстојните новогодишни и божиќни празници, на вчерашната седница донесе заклучок органите на државната управа, јавните претпријатија и јавните здравствени установи, фондовите, агенциите, бироата, заводите, управите, акционерските друштва во државна сопственост и сите останати државни институции, да не одржуваат прослави на државен трошок и да не доделуваат новогодишни пакетчиња со буџетски средства. Воедно, Владата заклучи да не се исплаќаат награди на вработените, како и регреси за годишен одмор.
Владата, истото го препорачува и на регулаторните тела, на единиците на локалната самоуправа, вклучително и на сите градинки, основни и средни училишта во Република Македонија.
|
|
Објавен износот на Годишното лично ослободување за 2012 година
Месечното лично ослободување изнесува 7.470 денари
|
|
| Според Објавата на министерот за финансии (Сл. весник на РМ, 177/11), месечното лично ослободување за 2012 година изнесува 7.470 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2012 година. Годишното лично ослободување изнесува 89.640 денари. Стапката на персоналниот данок на доход и стапките на придонесите од плата остануваат непроменети во однос на 2011 година. Од јануари 2012 година се зголемува износот на највисоката основица за пресметка на придонесите од плата: од 4 на 6 бруто плати (објавени во месец јануари).
|
|
Буџетски корисници и неопрофитни организации
Неколку Нови Правилници - во примена од 20 декември 2011 година
|
|
| Во ”Службен весник на РМ” бр. 175/11, објавени се следниве правилници:
1) Правилник за дополнување на Правилникот за сметковниот план за буџетите и буџетските корисници; 2) Правилник за дополнување на Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите; 3)Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за сметководството за непрофитните организации; 4)Правилникот за изменување на Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници; 5) Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници.
|
|
Во последен момент
Нов Сметковен план и Измени на Правилникот за годишна сметка
|
|
| Во Службен весник на РМ, бр. 174/11 се објавени:Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишната сметка и Правилник за Сметковниот план и содржината на одделните сметки во Сметковниот план.
И двата Правилника влегуваат во сила на 17 декември 2011 година и истите ќе бидат во примена за Годишната сметка за 2011 година.
|
|
Најпосле !!!
Нов Правилник за данокот на добивка
|
|
| Во Службен весник на РМ бр. 173/11, во сила од 16.12.2011 година е објавен НОВИОТ Правилник за данокот на добивка. Во истиот Службен весник е објавен и Правилник за формата и содржината на ДДВ Пријавата образец ДДВ-04. И овој Правилник е во сила од 16.12.2011. Правилниците можете да ги симнете во делот Привилегирани содржини
|
|
Од јануари 2012 година преку измена на Законот за плати
Престанува обврската за примена на гранските основици
|
|
| Со предлог измена на Законот за исплата на платите во РМ, почнувајќи од платата за месец јануари 2012 година ќе престане обврската просечната исплатена бруто плата на ниво на работодавач да не биде пониска од тнр. „гранска основица“ (50% од просечната месечна бруто плата на ниво на оддел за тековниот месец). Со предлага правото на покачување на платата за 2012 да не надмине 5% почнувајќи од декември 2012 година (пред измената правото беше утврдено на 10%, а стартот од септември 2012 година).
|
|
Со предлог измени на ЗПП - За две години продолжена можноста за плаќање со пресметка
Блокираните субјекти ќе плаќаат со пресмтка до крајот на 2013 година
|
|
| Согласно со актуелниот член 25 став (1) од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка, меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг можат да го вршат до 31.12.2011 година. Со предлог Законот за платен промет кој е во собраниска процедура, а имајќи во предвид дека од 1 јануари 2012 година престанува можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка, во обид да не се зададе дополнителен товар на стопанството се оцени дека е неопходно примената на наведената одредба да се одложи за две година до 31.12.2013 година.
|
|
Подигање на ПЛАВИ КАРТОНИ од ФЗО
Брза постапка за фирмите до 10 вработени
|
|
| ФЗО ги известува Фирмите со над 10 вработени дека ПЛАВИТЕ КАРТОНИ можат да ги НАРАЧУВААТ со Барање на следниот емаил: infoskopje@fzo.org.mk а повратно ќе добијат информација кога истите да ги подигнат. Потребни податоци кои треба да бида вклучени во електронската комуникација се: назив на фирмата и нејзин даночен број.
Останатите фирми кои имаат до 10 вработени ПЛАВИТЕ КАРТОНИ можат да ги подигнат во истиот момент - на лице место на шалтерот на Фондот (ФЗО), со копија од декларација или даночна картица.
|
|
Наплата на лични трансфери од странство од граѓани
Банките исплатата ќе ја вршат без презентирање на ДОКУМАНТАЦИЈА
|
|
| Со измена на Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство (Сл. весник", бр. 156/11, во сила од 17 ноември 2011 година), НАПЛАТИТЕ од НЕРЕЗИДЕНТ - физичко лице за корисник РЕЗИДЕНТ - физичко лице врз основа на лични трансфери на средства, банката може да ги одобри директно на тековната сметка на корисникот на наплатата, БЕЗ ПРЕТХОДНА ПИСМЕНА ИНФОРМАЦИЈА добиена од корисникот - физичко лице, ДОКОЛКУ во Известувањето за пристигнатата наплата добиена од странска банка е наведено дека станува збор за ЛИЧЕН ТРАНСФЕР на средства. За останатото види на
повеќе ... |
|
Со измена и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа
Продолжен рокот за систематски преглед на вработените - од 18 на 24 месеци
|
|
| Со Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа ("Службен весник на РМ", бр. 136/11, во сила од 11.10.2011 година), се менува рокот за задолжителните здравствени прегледи на вработените (СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ): НАМЕСТО НА 18 МЕСЕЦИ, ПРЕГЛЕДИТЕ СЕ ВРШАТ НА 24 МЕСЕЦИ (продолжување на рокот).
|
|
Правила за поднесување на ДБ-ВП за 2011
ДБ-ВП поднесуваат субјектите со годишен приход меѓу 3 и 6 милиони денари
|
|
| Малите и микро трговци кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно ЗТД, и кои ќе остварат вкупен приход по сите основи до 3 милиони денари на годишно ниво, се ослободуваат од плаќање на годишен данок на вкупен приход односно данок на добивка. Сепак овие субјекти поднесуваат образец “ДБ-ВП“ до УЈП до 29 февруари 2012 година. Субјектите кои имаат годишен вкупен риход од 3 до 6 милиони денари можат да го изберат моделот на оданочување. Од 11 октомври 2011 се избриша условот од три години за влез во поедноставениот даночен режим. На овој начин сега сите субјекти, вклучувајќи ги и оние кои се основани и кои оствариле вкупен приход во 2011 година до 3 милиони денари или вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари на годишно ниво, имаат право за влез во овој режим доколку ги исполниле наведените услови за пресметување и плаќање на годишен данок на вкупен приход.
Дополнителна новина за даночните обврзници чиј вкупен приход ќе надмине над 3 милиони денари е што сами ќе можат да изберат еден од двата модели на оданочување, односно дали ќе плаќаат годишен данок на вкупен приход или пак данок на добивка.
повеќе ... |
|
Во Службен весник на РМ 135/11, во сила од 11 октомври 2011
Измени на Законите за ДДВ, данок на добивка, персоналниот данок на доход,...
|
|
| Во „Службен весник на РМ“ бр.135/11 се објавени измени и дополнувања на законите за:
Данокот на додадена вредност; Данокот на добивка; Акцизите; Хартии од вредност, Персонален данок на доход; Ревизија; Девизното работење
|
|
Утврден износот на Минималната плата од 2012 година
Минималната нето плата = 8.050 денари
|
|
| Согласно со постигнатиот договор во Економско-социјалниот совет, од 2012 година Минималната НЕТО плата ќе изнесува 8.050 денари, односно 12.265 денари (бруто плата).
(Претворањето од нето во бруто плата и обратно не го дава објавениот износ, поради што сметаме дека едниот од износите е погрешен.) Износот на МИНИМАЛНАТА плата има директно влијание врз утврдувањето на основната плата на работникот. Потестуваме дека најниската нето основица за пресметување на придонесите од плата изнесува 10.701 (бруто = 15.174 денари).
|
|
Првиот промет на станови и станбени згради за станбени цели ќе се оданочува со 5%
Продолжена примената на повластената стапка од 5% до крајот на 2015 година
|
|
| Собранието на РМ, ја усвои измената на Законот за ДДВ, со која се продолжи рокот на важење на повластената даночна стапка од 5 % за ПРВИОТ ПРОМЕТ НА СТАНОВИ И СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ЗА СТАНБЕНИ ЦЕЛИ до крајот на 2015 година. Со оваа измена, во континуитет ќе продолжи примената на стапката од 5% за првиот промет на станови до 31 декември 2015 година.
|
|
Аконтација за данокот на добивка за АВГУСТ 2011
Кумулативен процент на пораст на цените на мало: 3,8%
|
|
| Кумулативниот пораст на цените на мало за месеците ЈАНУАРИ - АВГУСТ 2011 година во однос на просекот за 2010 година е непроменет во однос на месец јули и изнесува 3,8%. Со овој процент се врши зголемување на месечната аконтација на данокот на добивка за АВГУСТ 2011 година. Правото на покачување на платите за АВГУСТ (согласно со Законот за плати) изнесува 0%.
|
|
Пропуштени можности на македонските компании да ја подобрат ликвидноста
Платениот ДДВ во странство може да се враќа во многу случаи
|
|
| Многу македонски компании не ја користат можноста да го вратат платениот ДДВ во странство за примениот промет на разни добра и услуги (гориво, саемски трошоци, семинари, обуки, хотелски сметки и сл.). Процедурата е едноставна и лесна. Сите детали за постапката на враќање на платениот ДДВ побарајте ги во Информатор 9/11.
|
|
од 1 јануари 2012 година
Примена на владиниот проект за субвенционирање на купувањето на станови / куќи
|
|
| Се работи за реализација на два проекти со цел да им помогне на граѓаните на кои не им е решено станбеното прашање и немаат сопствен дом и живеалиште. Двата проекти се: 1. Пола-пола рата за првите пет години и 2. 50% учество за купување стан односно изградба на куќа. Предлог законот за субвенционирање на кредити симни го на
повеќе ... |
|
Од 1 јануари 2012 година
Блокираните субјекти нема да можат да плаќаат со пресметка (компензација, цесија и сл.)
|
|
| Согласно со Законот за платен промет, учесниците во платниот промет што имаат блокирана трансакциска сметка нема да можат да вршат плаќање со пресметка до 1 јануари 2012-та година. Ваквата забрана веќе подолго време е во сила за буџетските корисници.
|
|
До 30 септември 2011 година
Последен рок за исплата на објавената дивиденда во 2011 година
|
|
| Доколку друштвото објавило исплата на дивиденда со одлука донесена на собранието/собирот, согласно членот 487, став 5 од ЗТД, има обврска дивидендата да ја исплати најдоцна во 30 септември 2011 година (петок). Со ставот 6 од истиот член е утврдено дека, на исплатената дивидендата по овој рок се пресметува законска затезна/казнена камата до денот на исплатата на дивидендата. За неисплаќање на дивидендата во овој рок се предвидени глоба и забрана за вршење дејност или должност.
|
|
Од 1ви септември 2011 година
„Зимско“ работно време во угостителството
|
|
| Од 1-ви септември 2011 година започнува зимското работно време во угостителските објекти. Во објектите за исхрана и другите угостителски објакти работното време се скратува за 1 час.
|
|
Од 1ви септември 2011 година
Намалување на цените на Зелената карта за осигурување
|
|
| 1) за патнички возила до 66 КВ, премија = 66 Евра; 2) за патнички возила над 66 КВ, премија = 90 Евра; 3) останати моторни возила (влечни возила, специјални возила, моторцикли, приклучни возила и работни возила), премија = 90 евра; 4) за комбинирани возила, премија = 157 евра; 5) за товарни возила и автобуси, премија = 380 евра. Плаќањето е во денарска противвредност.
|
|
Во примена од 1-ви Септември 2011 година
НОВО Упатство за начинот на вршење на платниот промет со странство
|
|
| Новото Упатство е објавено во Службен весник на РМ, бр. 78/11 и ќе се применува од 1-ви септември 2011 година. За да го симнеш Упатството кликни на
повеќе ... |
|
Во Собранието на РМ
Доставени измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка
|
|
| Како најважна новина (покрај променетиот даночен режим за најмалите даночни обврзници) е враќањето на позициите според кои: трошоците поврзани со компаниските патнички моторни возила имаат третман на даночно признат расход, а надоместокот на трошоците за користење на сопствено визило за потребите на работодавачот се оданочува на стариот начин (70% од расходот е оданочив). За Вас подготвивме пречистен текст на Законот за данокот на добивка, во кој ги вклучивме и предложените измени, кои се во собраниска процедура. Измените ќе ги најдете во делот Привилегирани содржини.
|
|
За примената на Владините политики за помало ДДВ
Собранието ќе гласа после годишните одмори (во септември)
|
|
| Владините политики за намалување на стапката на ДДВ за суровото масло и туристичките услуги од 18% на 5%, како и укинувањето на оданочувањето на микро и малите субјекти кои остваруваат годишен вкупен приход до 3.000.000 денари - сеуште не се во функција (примена). Имено се работи за Законски одредби кои може да ги менува само СОБРАНИЕТО на РМ (Владата ги предложи). Собранието е на одмар до 23 август. Ефективното менување на овие даночни политики ќе биде можно најрано на почетокот на месец септември 2011 година. Потсетуваме дека се работи за:
1) намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на прометот на:
- сурово масло за производство на храна за човечка исхрана и - услуги на сместување (ноќевање), или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови комерцијални угостителски објекти.
2) можноста за избор за плаќање на годишен данок на вкупен приход (или данок на добивка) од страна на микро и мали трговци (и правни лица согласно ЗТД) ако годишниот вкупниот приход е од 3.000.001 денари до 6.000.000 денари. Стапката на данокот на вкупен приход изнесува 1%. Овие субјекти во наредните три години (вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данокот) доколку во наредните три години остваруваат вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари не може да го менуваат начинот на оданочување.
Ако вкупниот приход е до 3.000.000 денари, нема да се пресметува и плаќа ниту данок на вкупен приход ниту данок на добивка. Овие предложени измени ќе се применуваат по нивното усвојување во Собранието и објавувањето во Службен весник на РМ.
|
|
Од 1 јануари 2012 година
Македонија ќе го применува Меѓународниот стандард за финанс. известување за мали и средни субјекти
|
|
| Во „Службен весник на РМ“, бр. 107/11 е објавен Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти преку дополнување на Правилникот за водење сметководство.Правилникот ќе се применува од 1 јануари 2012 година, но според преодните одредби на МСФИ за МСЕ овој стандард има влијание и врз изготвувањето на финансиските извештаи за 2011 година. МСФИ за мали и средни субјекти можете да го симнете од делот: Привилегирани содржини/Прописи/Финансиско известување...
повеќе ... |
|
Од 11 август 2011 година
Нов Правилник за попис
|
|
| Во „Службен весник на РМ“, бр. 107/11 е објавен НОВ Правилник за начинот на вршење на попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот. Правилникот е во сила од 11 август 2011 година и истиот има примена и при вршењето на пописите за 2011 година (после датумот на влегување во сила). Правилникот можете да го симнете од делот: Привилегирани содржини/Прописи/Финансиско известување...
повеќе ... |
|
За сезонски и повремени работи
Нов образец УЈП-РДО/ВК за пријавување на приходите од дополнителните дејност
|
|
| Граѓаните кои сезонски, односно повремено остваруваат приходи од продажба на гевреци, крофни, пуканки, пченка, ... на отворени простори, или пак, изнајмуваат детски реквизити од забавен карактер, педалинки, чамци, глисери, скутери, чадори, лежалки... доколку не се регистрирани како даночни обврзници, задолжително треба да ја пријават својата дејност во УЈП, односно да поднесат образец УЈП-РДО/ВК. Образецот симни го на
повеќе ... |
|
Решение за наплата на побарувањата во националната економија
„Задолжница“ како пандан на акцептниот налог
|
|
| Владата планира како инструмент за обезбедување и автоматско плаќање на обврските меѓу правните лица да воведе „Задолжница“ која ќе биде наплатлива од банкарските сметки на фирмата што должи. „Задолжницата“ ќе има својство на правосилно решение за извршување, со кое за намирување на долговите автоматски ќе се повлечат средства од банкарските сметки на должникот (вклучително и орочени средства), на сметката на фирмата - доверител. „Задолжницата“ на доверителот ќе му овозможи заштита и наплата на побарувањата, без потреба притоа да води судска постапка. Заради правна сигурност при потпишувањето ќе постои само една „Задолжница“, која по враќањето и наплатата на долгот ќе му биде вратена на должникот. За да се избегне често и непотребно активирање на инструментот, како и за спречување на злоупотреби, „Задолж-
ницата“ ќе треба да се авторизира, при што пред потпишувањето должникот и доверителот треба да бидат информирани за рокот на наплата, како и за нивните права и обврски.
|
|
Од 2012 до 2014 година
Платите во јавниот сектор ќе се зголемат за 21,3%
|
|
| Платите на вработените во јавниот сектор ќе се зголемуваат за: 5% на 1.12.2012; 5% на 1.12.2013 и 10% на 1.12.2014 година.
|
|
Од 2011 до 2015 година
Придонесите од плата ќе се намалат од 26,5% на 25,4%
|
|
| Во 2012, вкупните стапки ќе се намалат од 26,5% на 26,3% (ПИО=17,6%, здравство=7,5% и вработување=1,2%). Во 2013, вкупните стапки ќе се намалат од 26,3% на 26,0% (ПИО=17,5%, здравство=7,4% и вработување=1,1%). Во 2014, вкупните стапки ќе се намалат од 26% на 25,7% (ПИО=17,4%, здравство=7,3% и вработување=1,0%). Во 2015, вкупните стапки ќе се намалат од 25,7% на 25,4% (ПИО=17,2%, здравство=7,2% и вработување=1,0%).
|
|
Со нов грански колективен договор
Утврдени најниските плати во земјоделството и прехранбената индустрија
|
|
| Колективен договор за земјоделство и прехранбена инустрија на 7 јули беше потпишан од Агросиндикатот и Здружението на работодавачи за земјоделство и прехранбена индустрија при Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) како репрезентативни социјални партнери. Најниската плата за секторот земјоделство изнесува 7.350 денари, а за секторот прехранбена индустрија 8.600 денари. Утврдувањето на максимумот е слободно. Во Колективниот договор се утврдени нови коефициенти за сложеност на работното место кои отстапуваат од досегашната регулатива по Општиот колективен договор (постимулативни за работниците).
|
|
И во второто полугодие на 2011 (1.7. - 31.12.2011)
Референтната каматна стапка на НБРМ останува 4%
|
|
| Врз основа на член 266-а став 6 од Законот за облигационите односи ("Службен весник на РМ", бр. 18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09 и 161/09) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата ("Службен весник на РМ", бр. 42/11), Народната банка на Република Македонија ОБЈАВИ дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот: 01.07.2011 - 31.12.2011 година, изнесува 4,00% (непроменета во однос на првото полугодие 2011 година). Согласно оваа објава на НБРМ, и висината на казнената камата за трговци, односно граѓани останува непроменета за второто полугодие од 2011 година. Деталите побарајте ги во Информатор бр. 7/11 и во Инфо-регистарот.
|
|
Од 1-ви јули 2011 година
Нов образец „ПП-50“-Налог за плаќање на јавните приходи
|
|
| Согласно измената на Упатството за формата и содржината на платните инструменти за вршење на платниот промет во земјата ("Службен весник на РМ", бр. 18 од 14 февруари 2011 година, која влезе во сила на 15 февруари 2011 година, а се применува од 1-ви јули 2011 година): а) воведен е нов образец "ПП-50" - Налог за плаќање на јавните приходи и б) избришани се повеќе шифри на плаќање кај единствените платни инструменти. За деталите види на
повеќе ... |
|
На 6-ти април во Приштина
Македонија и Косово потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување
|
|
| На 6-ти април 2011 година, Македонија и Косово во Приштина потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија.
|
|
Најниските просечни месечни БРУТО плати од месец МАРТ 2011
Се објавуваат според Новата национална класификација на дејност
|
|
| Од месец МАРТ 2011 година - НАЈНИСКИТЕ износи на просечната месечна плата по работник која ја исплатува работодавачот се објавуваат според Новата Национална класификација на дејности (Соопштение на ДЗС за Просечната месечна исплатена БРУТО плата по вработен (јануари 2011), бр. 4.1.1.21, од 30 март 2011 година). Согласно ваквата нова службена пракса на ДЗС, работодавачите исплатители на плата, почнувајќи од платата за месец март 2011 година при утврдувањето на најниската просечната месечна исплатена бруто плата по вработен ќе го имаат во предвид објавениот податок за шифрата на својата основната дејност регистрирана во Централниот регистар на РМ, согласно НОВАТА национална класификација. Деловните субјекти, што извршиле пресметка и исплата на плата пред објавување на новите податоци, нема да прават евентуално потребно корекции, останатите чија просечна месечна исплатена бруто плата по вработен на ниво на оддел е пониска од објавената за соодветниот оддел имаат обврска да се придржуваат до новите податоци. Во Националната класификација на дејностите - НКД Рев 2. Одделот се означува со двоцифрена шифра
Напоменуваме дека за целите на составување на електронскиот образец МПИН во полето за Месечна просечна плата за цела 2011 година се внесува износот: 30.349.
повеќе ... |
|
Известување на Централниот регистар
Продолжен тајмингот за достава на ПП образецот и после 1 април 2011
|
|
| Според службената информација на Централниот регистар на РМ, пријавувањето на адреса на електронско сандаче (образец ПП) ќе се врши и после 1 април 2011 година, БЕЗ ДА СЕ ПЛАЌА НАДОМЕСТ.
|
|
Преземени обврски на Владата на РМ за 2011 година
Ќе се подготви анализа за регулирање на сметководствената професија
|
|
| Согласно Националната Програма за усвојување на правото на Европската унија (стр. 83), во текот на 2011 година ќе се подготви анализа во насока на регилирање на сметководственат професија во Република Македонија. За оваа година е предвидено и објавување на МСФИ за мали и средни претпријатија.
|
|
Заедничка даночна основа за фирмите во ЕУ
Консолидирана даночна основа (предлог на ЕК од 16 март 2011)
|
|
| Европската комисија предложи заеднички систем за пресметување на даночната основа за фирмите кои работат во ЕУ. Целта на предлогот е значително да се намалат административните пречки, трошоците за усогласување и правната несигурност со која во моментот се соочуваат фирмите во ЕУ, бидејќи мораат да работат во согласност со 27 различни национални системи за утврдување на добивката подложна на оданочување. Предложената Заедничка консолидирана даночна основа на добивката (Common Consolidated Corporate Tax Base – CCCTB), ќе значи дека фирмите ќе имаат корист од “едношалтерскиот систем“ при пополнување на нивните даночни пријави и ќе бидат во можност да ги консолидираат сите добивки и загуби кои ќе настанат низ Европската унија.
повеќе ... |
|
Здружение на банкарство при Стопанската комора на Македонија
Рок: 01.05.2011 - Ажурирање на идентитет на клиентите на банките и штедилниците
|
|
| Согласно важечката законска регулатива во Република Македонија, сите банки/штедилници при воспоствување на деловен однос или вршење на трансакција спроведуваат идентификација, потврдување и ажурирање на идентитетот на клиентот. Овој процес опфаќа идентификација и потврдување на идентитетот на клиентот физичко или правно лице преку соодветни валидни документи за нивна идентификација (важечка лична карта или пасош за физички лица и тековна состојба не постара од 6 месеци за правни лица) и пополнување Апликација за идентификација/ажурирање на клиент, која во идентична форма се употребува во секоја банка/штедилница. Податоците добиени од овој процес мора да се ажурираат на редовна основа, најмалку секои 2 години.
повеќе ... |
|
Утврден начинот на известување на ЦРМ за електронската адреса на субјектот на упис
Известување преку ПП образецот
|
|
| Со Законот за измени и дополнување на Закон за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на РМ“, бр. 17/11), кој влезе во сила на 21 февруари 2011 година сите трговски друштва имаат обврска најдоцна до 1 април 2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче за достава на писмена и други податоци кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерски систем. За непочитување на оваа одредба предвидена е глоба:
• За правното лице во висина од 500 до 1000 евра
• За одговорното лице во висина од 250 до 500 евра
Пријавувањето на адресата на електронско сандаче (е-mail адреса) ќе се врши со пропратно писмо на ПП (пријава на промена) образец од кој се пополнува само првата и страната број 5. Ова пријавување до 1 април 2011 година ќе биде бесплатно. По истекувањето на овој рок пријавувањето ќе се наплата. Се разбира постои можност и за глоба.
повеќе ... |
|
Брошура за составување на МПИН
Издание - февруари 2011
|
|
| Брошура на УЈП за составување на МПИН (издание - февруари 2011 година)
повеќе ... |
|
Според Автентичното Толкување на Собранието на РМ бр. 07-1052/1 од 23,02,2011 година
Радиодифузна такса НЕМА ДА ПЛАЌААТ правните субјекти што не се регистрирани согласно ЗТД
|
|
| Согласно Автентичното толкување на членот 146 став 1 алинеја 3 од Законот за радиодифузната дејност, дадено од Собранието на РМ, РАДИОДИФУЗНА ТАКСА плаќаат правни лица и сопственици на деловен простор, на секои 20 вработени или други лица кои го користат деловниот простор, по една радиодифузна такса. ПРАВНИ ЛИЦА КОИ НЕ СЕ РЕГИСТРИРАНИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ОДНОСНО КОИ ДОБИВААТ СТАТУС НА ПРАВНО ЛИЦЕ СОГЛАСНО СО ДРУГИ ЗАКОНИ НЕМААТ ОБВРСКА ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА СОГЛАСНО СО ОВОЈ ЗАКОН.
повеќе ... |
|
Правилник за водење сметководство
Објава во Сл. весник, бр. 159.09
|
|
| Правилникот за водење сметководство, согласно ЗТД (Службен весник на РМ, бр. 159/09) можеш да го симнеш на
повеќе ... |
|
Намалена референтната каматна стапка на НБРМ на 4%
01.01.-30.06.2011 - Стапката на казнената камата намалена на 14%, односно 12%
|
|
| За првото пoлугодие 2011 година (01.01.-30.06.2011), стапка на казнена
камата за трговци изнесува 14% (претходно 15%), а стапката на казнена камата за граѓани изнесува 12% (претходно 13%).
|
|
Од 1 јануари 2011 година
Нов образец Книга за дневни финансиски извештаи - КДФИ-01
|
|
| Новиот образец е објавен во измената на Правилникот за издавање на документ касова сметка за сторна трансакција и за функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем за управување ("Службен весник на РМ", бр. 141 од 25 октомври 2010 година)
повеќе ... |
|
Од 26 октомври 2010 година
Нов образец Итна сметководствена книга - ИСК-03
|
|
| Новиот образец е објавен во измената на Правилникот за издавање на документ касова сметка за сторна трансакција и за функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем за управување ("Службен весник на РМ", бр. 141 од 25 октомври 2010 година)
повеќе ... |
|
Со измена на Законот за платен промет - 145.10
Повторно одложена забраната за плаќање со пресметка за субјектите со блокирани сметки
|
|
| Од 1 јануари 2011 година требаше да стартува неколку пати одложуваната забрана, со која субјектите со блокирани сметки требаше да престанат да плаќаат со пресметка (компензација, цесија и сл.). Се измените на Законот за платен промет овој рок се помести за 1 година, односно плаќањето со пресметка за субјектите со блокирани сметки ќе биде дозволено и во текот на целата 2011 година.
|
|
25 август 2010 година
Нови обрасци за фискализација (објавени на сајтот на УЈП)
|
|
| Од 25 август 2010 година во примена се новите обрасци за фискализација: ФА-01; ФА-02; ФА-03 и БЗ-01. Обрасците се редизајнирани и поедноставени и за истите е овозможено компјутерско пополнување и внес на бараните податоци. Обрасците можеш да ги видиш на
повеќе ... |
|
За вработените во буџетските (и единките) корисници
Укинатo правото на „домашна“ дневница за службено патување
|
|
| Во "Службен весник на РМ", бр. 95 од 16 јули 2010 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, кои влегоа во сила на 16 јули 2010 година. Главна промена е бришењето на членот 13, кој го регулираше надоместокот за дневница за службено патување во Република Македонија на вработените лица во буџетските корисници, така што истиот е укинат, согласно на најавените мерки на штедење на извршната власт. Во 2010 година, првично беше намален износот на дневница за службено патување во земјата, од 800 денари на 500 денари, а сега практично после половина година, „домашната“ дневница е сосема укината.
|
|
Обврски за АД кои не котираат на берза и не се водат во регистарот на АД
Објавување на податоци за своето работење на интернет страницата на Македонската берза
|
|
| Акционерските друштва и другите правни лица–издавачи на хартии од вредност, чии хартии од вредност не котираат на берза и не се водат во Регистарот за акционерски друштва со посебни обврски за известување, се должни да објавуваат податоци за своето работење на интернет страницата на Македонската берза. Берзата на својата интернет страница подготви посебен дел на кој гореспоменатите друштва ги објавуваат законски пропишаните податоци. До објавените известувања можете да пристапите преку интернет страницата на Македонската берза во делот "Објави согласно закон".
повеќе ... |
|
Од 21 јуни 2010 до 31 декември 2011 година
Намалени дневниците за службено патување во странство
|
|
| Со измена на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци (82.10) извршено е намалување овие дневници на следниот начин: - 35% од утврдената дневница, ако се поднесе сметка за сместување, како и во случаи кога сместувањето паѓа на товар на органот на управата (порано: 50%); - ако издатоците за сместување и исхрана не паѓаат на товар на органот на управата, не се исплатува дневница (порано: 20%) и ако издатоците за стручно оспособување и усовршување не паѓаат на товар на органот на државната управа, а престојот е над 30 дена не се исплатува дневница (порано: 5%). Под стручно усовршување се подразбира посета на семинари, курсеви, симпозиуми и други видови средби организирани во странство на мултиталтерална или билатерална основа.
повеќе ... |
|
За своите корисници
Про агенс постави пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка
|
|
| Согласно новиот модел за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка, Агенцијата Про Агенс постави корисна алатка: Пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка. До пресметката ќе дојдете со употреба на Вашето корисничко име и лозинката.
|
|
Од 10-ти февруари 2010 година
НБРМ ги формира и објавува девизните курсеви на нов начин
|
|
| НБРМ ќе објавува 2 курсни листи: а) Курсна листа (само со среден курс на 10 валути, од објавувањето е исклучена хрватската куна), која ќе се користи за евиденција (сметководствена) и б) Курсна листа (со среден, продажен и куповен курс) за потребите на вршењето на платниот промет со странство за државните органи. Средните курсеви на двете курсни листи се исти. Покрај другото и редоследот на валутите во курсната листа на НБРМ е променет.
Инаку, средниот курс се формира од котираните куповни и продажни курсеви на еврото во денари меѓу банките поддржувачи (Тутунска, Стопанска, Комерцијална, Инвест и како 5-та, НБРМ).
повеќе ... |
|
Од Јануари 2010 година - Плата во заштитните друштва
Плаќање на придонесите, па потоа враќање
|
|
| Министерството за труд донесе ново Упатаство за платата во заштитните друштва. Упатството симни го на
повеќе ... |
|
Од 2010 година
Нов Правилник за водење сметководството
|
|
| Во „Службен весник на РМ“ бр. 159/2009 и 164/2010 е објавен нов Правилник за водење сметководство кој се применува од 1 јануари 2010 година. Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за водење на сметководството („Службен весник на РМ“ бр.94/04, 11/05 и 116/05). Новиот Правилник за водење сметководство се користи за изготвување на годишната сметка за 2010 година.
|
|
Каматна стапка на благајничките записи во 2010 година
Актуелна висина: 4,0%
|
|
| По намалувањето на каматната стапка на 28 дневните благајнички записи од 9% на 8,5% (2 декември 2009 година), во 2010 година, НБРМ изврши уште шест намалувања на оваа каматна стапка. Првото на 8% годишно, второто на 7,5%, третото на 6,5%, четвртото на 5%, петтото на 4,5% и шестото (од 09.12.2010), со кое актуелната каматна стапка на благајничките записи изнесува 4,0%.
|
|
|
|
Работно време во угостителството
|
|
|
|
|
|
|
|
Објекти во угостителството
|
Работно време (час)
|
|
1) Угостителски објектиза сместување
|
|
Хотели, мотели, пансиони, туристички населби, ноќевалишта, одморалишта и кампови
|
од 00 до 24
|
|
Угостителски објекти за исхрана кои се во состав наобјектите за сместување
|
по 24 можатда даваат само угост. усл. за брза храна
|
|
2) Угостителски објектиза исхрана
|
|
Угостителски објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги
|
од 07 до 24
|
|
во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празн. денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од25 декември до 15 февруари
|
од 07 до 01 наредниот ден
|
|
на 31 декември, 1 и 2 јануари
|
од 07 до 03 наредниот ден
|
|
Угостителски објекти за исхрана, без огледна видот, кои претставуваат една градежна целина лоцирани на граничните премини, аеродроми и жел. станици
|
од 00 до 24
|
|
3) Други угостителски објекти
|
|
Угостителски објект – ноќен бар и кабаре
|
од 20 до 04 наредниот ден
|
|
во деновите петок и сабота, спроти празн. денови и празнични денови,како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари
|
од 20 до 05 наредниот ден
|
|
на 31 декември, 1 и 2 јануари
|
од 20 до 06 наредниот ден
|
|
Угостителски објект – диско клуб
и диско клуб на отворен простор
|
од 19 до 04 наредниот ден
|
|
во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови,како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари
|
од 19 до 05 наредниот ден
|
|
на 31 декември, 1 и 2 јануари
|
од 19 до 06 наредниот ден
|
|
Угостителските објекти за брза храна (сендвичари) можат да работат до 01 часот во зимс. период, односно до 02 часот во летниот период, а во петок и сабота, спроти празн. денови и празн. денови до 05 часот
|
|
1 јуни до 31 авг. (летен период) / 1 септ. до 31 мај (зимски период)
|
|
|
Најниска и највисока основица за пресметка на ПРИДОНЕСИ од ПЛАТА за 2011 година
|
|
|
|
|
|
|
|
НАЈВИСОКА И НАЈНИСКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ПЛАТА ЗА 2011-ТА ГОДИНА
|
|
Соопштение на ДЗС бр. 4.1.11.06 од 28.01.2011
|
|
Просечна месечна бруто плата
|
30.349
|
|
Н А Ј Н И С К А ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ
|
|
Најниска БРУТО основица (50% од мес. бруто плата)
ПДД (10%)
ПИО (18%)
Здравство (7,3%)
Дополнително здравство (0,5%)
Вработување (1,2%)
Вкупно придонеси
НЕТО Плата (пресметана од најниска бруто основица)
|
15.174
376
2.731
1.108
76
182
4.097
10.701
|
|
Просечната бруто плата на ниво на работодавач
не може да биде пониска од тнр. гранска основица
|
|
Н А Ј В И С О К А ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ
|
|
Највисока бруто основица (4 мес. бруто плати)
ПДД (10%)
ПИО (18%)
Здравство (7,3%)
Дополнително здравство (0,5%)
Вработување (1,2%)
Вкупно придонеси
НЕТО Плата (пресметана од највисока бруто основица)
|
121.396
8.130
21.851
8.862
607
1.457
32.777
80.489
|
|
|
Персонален данок на доход (пресметани стапки)
|
|
|
|
|
|
Казнена каматна стапка - Преглед
|
|
|
|
|
|
|
|
Д Е Н А Р И
|
|
Период
на примена
|
Реф. кам. стапка на НБРМ
|
Стапка на казнена камата меѓу трговци и лица на јавното право
(р. бр. 2+10 п.п.)
|
Стапка на казнена камата кога едното ли
це не е трговец (одн. е ф. лице)
(ред. бр. 2+8 п.п.)
|
Број и датум на одлука на НБРМ
|
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
|
01.02-30.06.'10
|
8,5%
|
18,5%
|
16,5%
|
8562 од 30.12.'09
|
|
01.07-31.12.'10
|
5%
|
15%
|
13%
|
4474 од 30.06.'10
|
|
01.01-30.06.'11
|
4%
|
14%
|
12%
|
2521 од 29.12.'10
|
|
01.07-31.12.'11
|
4%
|
14%
|
12%
|
5978 од 30.06.'11
|
|
01.01-30.06.'12
|
4%
|
14%
|
12%
|
9901 од 28.12.'11
|
|
С Т Р А Н С К А В А Л У Т А (ВАЛУТНА КЛАУЗУЛА)
|
|
Период
на примена
|
Каматна стапка на
1 мес. Еурибор
|
Стапка на казнена камаа меѓу трговци и лица на јавното право
(р. бр. 2+10 п.п.)
|
Стапка на казне-на камата кога едното лице не е трговец (одн. е физ. лице)
(р. бр. 2+8 п.п.)
|
Лица на јавното право се лицата обврзани да постапуваат според постапката за јавни набавки (освен трговците)
|
|
1
|
2
|
3
|
4
|
|
01.02-30.06.'10
|
0,453%
|
10,453%
|
8,453%
|
|
01.07-31.12.'10
|
0,485%
|
10,485%
|
8,485%
|
|
01.01-30.06.'11
|
0,782%
|
10,782%
|
8,782%
|
|
01.07-31.12.'11
|
1,325%
|
11,325%
|
9,325%
|
|
01.01-30.06.'12
|
1,024%
|
11,024%
|
9,024%
|
|
|
|
СМЕТКОВЕН ПЛАН - 2012 година
|
|
|
|
|
|
Прирачник за Советувањето
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник за Советувањето за Годишна сметка (февруари 2012)
|
|
Информатор за буџетски корисници (декември 2011)
|
|
|
|
|
|
Прирачник за РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
|
|
|
|
|
|
Прирачник за работните односи
|
|
|
|
|
|
Прирачник за ДДВ
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник за ДДВ (2011 година, 350 страници)
|
|
Прирачник за ЗАДРЖАН ДАНОК
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник за Задржан данок (2011)
|
|
Прирачник за Сметковен план за буџетски (единки) корисници
|
|
|
|
|
|
|
Прирачник со Сметковен план за Буџетски (и единки) корисници (февруари 2010 година)
|
|
ИНФОРМАТОР - најнoв број
|
|
|
|
|
|
Додаток - најнов број
|
|
|
|
|
|
ИНФО-РЕГИСТАР - најново ажурирање
|
|
|
|
|
|
|
Инфо регистар 2011 (Измена бр. 11/11, ажурирана со 30-ти декември 2011 година)
|
|
Супер КНИЖАРА !
|
|
|
|
|
|
|